Во 2000 година, Пакистан, Иран и Авганистан тргнаа во борба за сопственост на, како што се веруваше, мумифицирани остатоци на 2600-годишна персиска принцеза. Мумијата беше пронајдена од полицијата за време на рацијата на поглаварски дом на Балучистан во Каран, Пакистан и требаше да се продаде на црниот пазар.
Кога била откриена, главата на мумијата била украсена со златна круна и во ковчегот имало златни украси, што навистина дали впечаток дека е пронајдено археолошко чудо. Сепак, не сите беа убедени дека мумијата е вистинска.
Професорот Ахмад Дани, директор на Институтот за азиски цивилизации во Исламабад, уште од почетокот знаел дека мумијата не е толку стара како што се преставува во јавноста, за да и се крене цената. Тој уште при првата опсервација на мумијата видел дека со неа нешто не е во ред. Набргу по деталното проучување на остатоците, било откриено дека телото не е старо 26.600 години, и мумијата ни оддалеку не е персиска принцеза.
Ковчегот во кој почивала и остатоците, како материјалите во кои била облечена со дополнителни анализи покажале дека станува збор за старост од само 5 години. Одеднаш персиската мумија излезе дека е тело на 21- годишна жртва на убиство. Вратот, вилицата и грбот и биле скршени. Конечно, со помош на тестирање било потврдено дека жртвата починала во 1996 година. „Мумијата“ била погребана во 2005 година без жртвата некогаш да биде идентификувана.