Технолошката компанија искористи маркетиншки трик за сите да помислат дека новиот iPhone е 300 долари поевтин.
Најновиот предводник на Apple, iPhone 11, беше објавен во вторникот, заедно со „поголемото“ семејство, iPhone 11 Pro и Pro Max. Како и многу други модели пред него, iPhone 11 има помоќен чип и подобри камери во споредба со минатите модели.
Но, постои една голема разлика помеѓу минатогодишниот iPhone XS и iPhone 11 – 300 долари. Новиот iPhone 11 чини 700 долари, што е значително помалку од iPhone XS кој чинеше 1.000 долари. А тоа се многу пари.
Но, ова не е вистинска споредба. iPhone 11 е всушност замена за минатогодишниот буџетски iPhone XR, кој чинеше 750 долари кога беше претставен со iPhone XS чија цена изнесуваше 1.000 долари.
Во реалноста, 700 долари вреден iPhone 11 носи многу помала заштеда – само 50 долари. Во прашање е маркетиншки трик кој го изведе Apple: iPhone 11 звучи како да е во прашање нова серија, но не е.
iPhone 11 Pro е нов премиум телефон, и чини 1.000 долари, исто како и минатогодишниот iPhone XS.
Спецификациите на моделот iPhone 11 се слични на оној кој ги имаше iPhone XR, и со самото тоа е е дизајниран како замена за овој модел. Двата модели имаат ист екран so дијагонала 6,1 инча. iPhone 11 има две камери на задната страна, една помала од iPhone 11 Pro. iPhone XR имаше една камера, а iPhone XS две.
Притоа, не постои нова верзија на моделот со ознака XR бидејќи тој всушност е iPhone 11, само без „буџетското“ брендирање кој XR моделот го имаше. Во суштина, ова е брилијантен потег на Apple кој овозможи буџетскиот модел да го репозиционира како премиум модел.
Извор: Telegraf.rs