Кинеската компанија Lenovo минатата недела претстави два нови телефона – A6 Note и K10 Note. Компанијата сега објави и нов паметен часовник, под името Lenovo Carme.
Lenovo Carme има 1.3-инчен дисплеј во боја, со 2.5D закривен дизајн на површината, што на корисниците ќе им олесни содржината на екранот да ја гледаат под различни агли.
Паметниот часовник може на екранот да прикажува известувања за текстуални пораки и повици, а пристигнува и со фитнес функции, како што се педометар, очитување на отчукувањето на срцето и надгледување на спиењето. Тука се и опциите за следење на различните спортски активности.
Lenovo Carme има IP68 сертификат, што значи дека не мора да го вадите додека пливате. На Android телефоните и iPhone се конектира преку Bluetooth 4.2, а има и 200mAh батерија која трае до седум дена.
Паметниот часовник ќе биде достапен со гумени ремени во сина и зелена боја, по цена од околу 50 долари, почнувајќи од 15. септември.
Поврзани артикли