Кинеските научници го примиле необичниот сигнал со помош на петстотини метри широк радиотелескоп FAST.
Станува збор за сигнал кој е составен од низа повторувачки брзи “удари“ на радиосигнали (FRB) кој доаѓа од длабочините на вселената за кој барем засега научниците не можат да го објаснат.
Chinese scientists have installed a highly sensitive FRB backend on a 19-beam receiver on the giant telescope, and used it to observe an FRB source named FRB121102, which was first discovered by the Arecibo Observatory in 2015. #China https://t.co/lLYqApYO21
— DT Next (@dt_next) September 9, 2019
Како што се наведува, сигналот FRB121102 регистриран е во 2012-та година, а се вратил во 2015-та година. Сигналот дошол од џуџестата галаксија која е оддалечена околу три милијарди светлосни години од Земјата. Сега, помеѓу 30-ти и 3-ти септември, FAST го детектирал истиот сигнал со повеќе од 10 пулсови.
Иако научниците не знаат од каде потекнува сигналот, не сакаат да погодуваат до толкава мера за да се оствари претпоставката дека станува збор за вонземјанска цивилизација. Сепак, мистеријата засега останува и експертите работат на објаснување на овој феномен.
Поврзани артикли