НАСА сними лавина на Марс

Леталото на НАСА, МРО, успеа да фотографира лавина на само 370 километри од Северниот Пол на Марс. Вселенското летало сликало лавина која крева голем црвен прав. На фотографијата може да се види како блоковите од мраз се спуштаат низ карпа од 500 метри и креваат прав на стопениот терен под нив.

„Секоја пролет сонцето сјае на страната на слоевите на Северниот Пол на Марс, кој е познат како северно-поларен слој на наслаги. Топлината го дестабилизира мразот и блоковите се топат“, вели Кенди Хансен од Универзитетот во Аризона.

Лавината е многу важен настан за набудување, а топењето на поларната страна е сосема нормално, тврдат научниците. Годишните времиња на Марс траат двојно подолго од годишните времина на Земјата и од март, на северната хемисфера на Црвената Планета е пролет. Таму пролетта ќе заврши наскоро, со летната долгоденица, која ќе се случи на 8 октомври.