Изгледа дека Nintendo стравува дека контролорите за Switch Joy-Con не се доволно флексибилни, па поради тоа пред некое време поднесе барање за одобрување патенти, кои говорат за далеку пофлексибилни управувачи.
На тој начин, управувачите би можеле да се свиткуваат во сите правци, што не би влијаело на функционалноста која останува неизменета. Најголемата промена е во врска со флексибилноста на плочата, која служи за поврзување на електронските компоненти, бидејќи и самата ќе мора да биде свитлива, што подразбира пронаоѓање решенија кои нема да влијаат на останатите компоненти.
Не е познато дали Nintendo планира флексибилните управувачи да ги вклучи во следната конзола или Switch, иако барањето за одобрување на патентот е предаден уште во февруари, 2018. година, но сигурно е дека Nintendo работи на големи промени кога е во прашање Joy-Con дизајнот.
Поврзани артикли