Википедија мета на хакерски напад

Интернет-енциклопедијата Википедија објави дека била цел на сајбер напад, кој довел до сопирање на работата на сајтот.

„Википедија стопираше со работа неколку пати како резултат на злонамерен напад. Продолжуваме да работиме за да го вратиме пристапот“, се вели во соопштението на платформата.

Во меѓувреме, корисниците на енциклопедијата известија за Downdetector дека немале пристап до страницата доцна во петокот вечерта и рано во саботата. Засегната е скоро целата територија на Европа, западните делови на Русија, неколку држави на Блискиот исток, како и делови од Америка