Германија: Електричните скутери не се толку зелени

Електричните скутери кои изобилуваат во централните градски области, всушност не даваат голем придонес во развојот на еколошката урбана мобилност, соопшти германската агенција за животна средина пред ДПА.

Патиштата, што ги користат електричните скутери, се обично многу кратки и може да се поминат пеш, со автобус, воз или велосипед, според претседателката на агенцијата Марија Крауцбергер.

Споредени со велосипедите, тие се значително поштетни за животната средина, тврди Крауцбергер.

Оние кои обезбедуваат услуга за користење електрични скутери треба да ги нудат на периферијата, додава таа.

Според неа, би можело да има смисла подолгите патеки до автобусите или возовите да бидат поминати со електричен тротинет, отколку со автомобил.

Крауцбергер ги повикува градските власти да ги намалат местата за паркирање на автомобилите и да создадат повеќе велопатеки и такви за пешаци.

Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер, поддржува е-скутери за движење во урбана средина, но неговите планови да им дозволат да се движат во лентите наменети за автобуси, беа критикувани од полицијата и јавноста.