Калифорнискиот производител на саемот за технологија IFA 2019 во Берлин претстави бела верзија на 13-инчниот ултрабук Blade Stealth 13.

Новиот уред доаѓа со најновиот 10-нанометарски Ice Lake процесор на Intel. Конкретно, во новиот лаптоп на Razer се наоѓа четиријадрениот Core i7-1068G7 процесор од “U” серијата, додека за графиката е задолжена Nvidia GeForce GTX 1650 графичката картичка која ќе ја замени „застарената“ MX150.

Во однос на претходниот модел има бројни унапредувања, а тука е и 16 GB RAM меморијата. Овој компјутер инаку ги дели стандардите на Project Athena на Intel, благодарение на добрата батерија која трае до 10 часа. Со други зборови, според многумина Razer практично направи своја верзија на MacBook Air.

Поскапите модели опремени со 1080p или 4К екран чувствителен на допир, пристигнуваат со SSD од 251 GB и располагаат со GTX 1650 кој одприлика е еквивалент на GTX 1060.

Најскапиот модел ќе мора чини дури 2000 долари, а сите модели ќе бидат достапни до крајот на септември, пренесува “CNET”.