До вчера граѓаните скенирале вкупно 16.333.516 фискални сметки и остварен е промет од 8.341.449.275 денари. Повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 135.893.436 денари или 2.210.000 евра.
Значително подобрување е забележано во однос на граѓаните кон нерегуларности при издавање фискални сметки.
Бројот на пријави од страна на граѓаните за нерегуларности со фискални сметки е 100 отсто поголем во однос на минатата година. Граѓаните активно бараат да им се издадат фискални сметки и со тоа учествуваат во намалувањето на сивата економија.
Од почетокот на „Мој ДДВ“, заклучно до август, наплатата на ДДВ е 10 отсто повисока во однос на 2018 година.
Поврзани артикли