Доколку човештвото сака да ги сопре опасните астероиди кои ѝ се закануваат на Земјата, државите ќе мора да почнат да работат заедно на случајот.
Американската вселенска агенција NASA и нејзиниот европски ривал ESA ќе одржат состанок во Рим наредната недела на кој главна агенда ќе биде напредокот на истражувачката мисија Asteroid Impact Deflection Assessment чија задача е проучување на можностите за менувањето на траекторијата на астероидите преку судир со вселенско летало. Проектот има за цел да ја смени траекторијата на еден од двата Didymos астероиди кои се наоѓаат помеѓу Земјата и Марс, а летало за набљудување ќе го анализира ефектот од ударот многу подобро отколку да го прави тоа од Земјата.
NASA ќе изработи летало за судир под називот Double Asteroid Impact Test (DART) кое би требало да биде лансирано летото 2021 година. Тоа ќе удри во помалиот од Didymos астероидите, додека италијанскиот сателит LICIACube ќе собира податоци. Потоа ESA ќе ја лансира сондата Hera во октомври 2014 година која ќе има задача да го проучува астероидот и кратерот. Сондата ќе патува две години.