Телекомуникацискиот оператор „Неотел“ одбележува 15 години од своето формирање. Компанијата, која започна како алтернативен телекомуникациски оператор по либерализацијата во делот на фиксните телекомуникациски услуги со целосно домашен капитал, овие 15 години во континуитет инвестира во проширувањето на својата мрежа, постојано применувајќи креативна и модерна технологија.
За да го одбележи овој значаен јубилеј, компанијата подготви специјална роденденска промоција со одлични поволности.
Со роденденската понуда, новите корисници можат да добијат оптички интернет-пакет Fiber веќе од 790 денари или neoTrio пакет веќе од 1.190 денари за целото времетрање на 2-годишниот договор, како и бесплатни дополнителни ТВ-пакети Балкан + или Тринг бејзик во првата година.
Како значаен сегмент од основањето на НЕОТЕЛ, за деловните корисници се направени нови супериорни оптички пакети со одлични брзини, неограничен сообраќај, вклучен IP Centrex и хостинг, сè што е потребно за професионално функционирање на една компанија.