Автономните автомобили ќе се користат како еден вид такси-сервис, секој ден / по цел ден, поради што нивниот животен век би можел да изнесува само четири години.
Иако ќе помине уште долго време додека автономните автомобили станат вообичаени на патиштата, многу експерти се согласуваат дека иднината навистина им припаѓа на самовозечките автомобили со кои нема да управуваат луѓето, туку компјутерите. Една од последиците од ваквата радикална промена во индустријата ќе биде сопственоста на автомобилите, па затоа се помалку луѓе ќе купуваат возила, така што ќе ги користат само кога навистина им се потребни – едноставно ќе ги нарачаат преку апликација како што тоа денес функционира со Uber, автомобилот без возач ќе дојде по нив и ќе ги однесе до местото каде што сакаат.
Џон Рич од Одделот за автономни возила на Ford, смета дека нема потреба од грижа за намалувањето на продажбата на автомобили – додека луѓето денес возат автомобили стари 10, а понекогаш и 20 години, самовозечките автомобили ќе имаат многу пократок животен век. Бидејќи тие се дизајнирани за целодневна употреба, и нема многу време да минуваат на паркинг, тие ќе бидат многу повеќе „потрошени“ и за кратко време ќе ја поминат километражата што денешните автомобили ја прават за десет години. Токму затоа, Рич вели дека нема потреба од грижи, бидејќи тој верува дека животот на самовозачките автомобили ќе трае само четири години, така што ќе има постојана потреба од нови возила.
Ford има посебен оддел за развој на автономни автомобили и технологија, а нивната цел не е да продаваат вакви возила на пазарот на приватни корисници, туку да воспостават автономна флота што ќе се користи како услуга и наменета за компании кои ќе ги користат за испорака, превоз на вработени и слично.
Извор: Додај Гас