Пред првите патници да стапнат на Марс, НАСА ќе испрати хеликоптер на оваа планета за да го истражи теренот Инженерите ќе го прикачат хеликоптерот на роверот “Марс 2020“ пред неговото лансирање следното лето. Доколку ова се покаже како успешна мисија, тоа ќе биде првиот хеликоптер кој ќе слета на друга планета, соопшти НАСА.

Сончевиот електричен хеликоптер ќе биде поставен под роверот сè додека не се спушти во кратерот по име “Езеро“, каде научниците веруваат дека некогаш течела вода. Вселенското летало ќе се одвои од роверот и ќе го истражува Марс од воздух додека роверот ќе собира примероци на земјата на планетата, објаснија од НАСА.

Доколку се оди според планот, автономното вселенско летало ќе ги снима карпите, пештерите и кратерите на Марс, кои не можат да бидат истражени од страна на копнен ровер. Но дури и ако тој не може да лета, роверот сè уште може да собере важни податоци од површината на планетата.

Од НАСА се надеваат дека овој хеликоптер на крајот ќе распореди алатки низ целата планета и ќе ги насочува астронаутите кога ќе стигнат до Марс.