Sharp ги објави плановите за прикажување на „најголемиот“ светски 8К LCD телевизор на претстојниот IFA саем во Берлин, кој започнува на 6 септември.
Освен информациите дека телевизорот ќе има 120-инчен LCD панел, Sharp не објави премногу детали за телевизорот. Една од поинтересните карактеристики на дисплејот е дека ќе има 5G конекција. Компанијата посочува дека комбинацијата на поддршка од 8K и 5G нуди совршена алатка за прикажување на плодовите на трудот и уметноста. Sharp замислува сценарија каде историчарите на уметност користат уред за далечинска реставрација и слично.
Во моментов, најголемиот 8K телевизор е 292-инчниот Samsung The Wall Luxury, но овој модел наместо LCD користи MicroLED панели.
Поврзани артикли