Астронаутот на НАСА, Мајкл Колинс, кој леташпе со Командниот модул на Аполо 11 во 1969 година, потврди дека верува во постоење на вонземски живот, пишува британски Express.
Ветеранот на НАСА имаше клучна улога при првото слетување на Месечината, заедно со колегите Нил Амстронг и Баз Олдрин. Откако се повлече од НАСА во 1970 година, астронаутот беше гласен поддржувач за воспоставување човечка мисија на Марс.
Сега, 88-годишниот ветеран се огласи за едно од најмистериозните прашања на денешницата. Во сесијата за прашања и одговори на Твитер, тој им даде шанса на своите 56.600 следачи да постават било какви прашања до него.
Еден следбеник на Твитер го прашал астронаутот дали верува во „животот надвор од Земјата“ Под хаштагот #AskMichaelCollins, еден од неговите следачи го праша дали тој верува во живот надвор од Земјата, на што Колинс едноставно одговори “Да“.
Одговорот предизвика бура од реакции на следачите кои исто така се убедени во посетоењето на вонземски живот, во некоја туѓа планета далеку од Земјата, додава Express.