Настанот што предвидува американските граѓани да “упаднат“ во познатата воена база Ареа 51 каде ќе можат да “видат вонземјани“, и официјално ќе се оддржи, пишува британски Metro.

Претходно оваа година, повеќе од два милиони луѓе се регистрираа на настанот на Facebook и ветија дека масовно ќе влезат во базата, затоа што властите “нема да можат да ги спречат сите“.

Сега, наместо овој настан ќе се одржи музички фестивал наречен Alienstock, сугерирајќи дека нема да има обид да се открие дали во оваа база се наоѓа вонземска технологија, лоцирана длабоко во руралниот дел на округот Линколн, Невада.

Организаторот Мети Робертс изјави за Metro дека тие конечно добиле одобрение за организација на настанот. Податоците велат дека повеќе од 3,6 милиони луѓе се зачлениле на страната на настанот на Facebook, и дека информацијата достигнала до речиси 10,5 милиони корисници. Се чини дека Мети го објави настанот како шега, но тој брзо стана меме, додава Metro.