Иако аферата Dieselgate најмногу ги погоди САД и Европа, сепак и понатаму има рефлексии и во други делови на светот.
Најновиот во низата скандали во врска со лажирање на емисиите на штетни гасови доаѓа од Јужна Кореја. Овој азиски економски гигант ја забрани продажбата на неколку модели од групата Volkswagen проследено со парична казна од вкупно 9,8 милиони долари.
Во оваа земја повеќе неможе да се купат Audi A6 40 TDI Quattro, Audi A6 50 TDI Quattro, Audi A7 50 TDI Quattro, Volkswagen Touareg V6 3.0 TDI BMT, Volkswagen Touareg 3.0 TDI 4 Motion и Porsche Cayenne, сите произведени помеѓу 2014 и 2018 година
Министерството за животна средина на Јужна Кореја преку истрага открило дека секоја од компаниите манипулирала со уредите за контрола на загадувањето во секој од овие модели. Откриено е дека секој од овие модели испушта десет пати поголема од количината на азот моноксид од дозволеното.
Групацијата VW досега има потрошено повеќе од 30 милијарди американски долари за казни, за откуп и преправка на софтверот во автомобилите во кои е користен за нелегално мамење на тестовите за емисија на гасови низ целиот свет.
Извор: Додај Гас