Со оглед дека горивото станува се поскапо, а без автомобил движењето во градска средина е речиси невозможно, возењето чини се повеќе и повеќе.
Потрошувачката на автомобилите зависи не само од видот на возилото и моторот, туку и од стилот на возење.
Еве неколку „трикови“ за тоа како да ја намалите потрошувачката на вашиот автомобил.
Помалку вртежи
Трудете се да го возите вашиот автомобил во повисока брзина, бидејќи пониските ја зголемуваат потрошувачката. Затоа, кога можете удобно да се движите во трета брзина, не спуштајте непотребно во втора.
Ограничување на брзината
Денес сите некаде брзаме, но тоа влијае на нашиот паричник. Колку побрзо возите, толку повеќе гориво трошите. Во согласност со ограничувањата на брзината не само што ќе се намалат несреќите и ќе се избегнат можните казни, туку може да се намали и потрошувачката на вашиот автомобил до 33%.
Забрзување
Не сопирајте и забрзувајте непотребно. Секогаш кога ќе го направите ова, вашиот автомобил троши повеќе гориво. Колку повеќе забрзувате, толку поголем притисок ставате на моторот кој согорува повеќе гориво.
Гуми
На овие наши простори, луѓето ја потценуваат важноста на гумите. Гумите се еден од клучните делови на автомобилот. Не само што можат да ви го спасат животот ако се со добар квалитет, туку можат да ја намалат потрошувачката. Исто така, важно е тие да бидат оптимално напумпани. Резултатот е неколку проценти помалку потрошено гориво.
Филтер за воздух
Валканите филтри влијаат врз перформансите на моторот и ја зголемуваат потрошувачката. Тие апсорбираат нечистотија, прашина, честички на земја и издувни гасови. Затоа, чистете или заменете го филтерот за воздух од време на време.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли