Американската компанија Apple е во завршна фаза на сертификација на екран од кинескиот произведувач BOE Technology Group, за своите iPhone уреди.
Apple до крајот на годината ќе одлучи дали ќе ги ангажира BOE како добавувачи на OLED екраните, пренел јапонскиот деловен дневник Nikei, повикувајќи се на неименувани извори.
Произведувачот на iPhone уреди „агресивно ги тестира“ флексибилните OLED екрани кои ги произведува компанијата BOE, што ја зголемува можноста Apple првпат оваа напредна технологија да ја набави од Кина, пренесува Ројтерс.
Јапонски магазин наведува дека Apple настојува да ја намали зависноста од јужнокорејската компанија „Samsung Electronics“.
Извор: B92.net
Поврзани артикли