Redmi имаше успех од самиот старт како самостоен бренд по закрила на компанијата Xiaomi, а за ова секако придонесоа две линии на телефони – Redmi Note 7 моделите од средниот сегмент и Redmi K20 премиум уредите.
Сега брендот е подготвен да го прошири своето учество на пазарот и на другите сегменти, надвор од рамките на паметните телефони. Redmi na 29. август ќе претстави Smart TV од 70 инчи, а ова го потврди менаџерот на брендот Lu Weibing.
Redmi брендот можеби е нов играч на полето на паметните телевизори, но неговата мајка компанија секако не е. Xiaomi моментно во понудата има голем број Mi TV опции ширум светот, а најновите меѓу нив се од достапните 4A и 4C серии.
Останува да се види на кој пазарен сегмент ќе цели Redmi со својот паметен телевизор, со оглед на тоа што Redmi во овој момент претставува подостапен бренд во однос на Xiaomi.