Руската вселенска агенција Roscosmos тврди дека има пронајдено неконвенционален начин да ги „сокрие“ сателитите со што би биле тешко видливи од Земјата.
Тајната е во новата технологија која подразбира дополнителен уникатен слој со воздушни меури кои го расипуваат светлото. Оваа метода најмалку десетпати ќе ја намали видливоста на сателитите кога ќе бидат набљудувани со телескопи од Земјата.
Руската агенција на овој начин ќе ги „сокрие“ сателитите кои се наоѓаат 10.000 до 20.000 километри над површината на Земјата.
Русија е првата земја која испрати сателит во орбитата, а неодамна претстави технологија која подразбира вселенско летало без екипаж. Месецов презентираше решение за проблемот со вселенскиот отпад, сателит кој самиот би се уништил по неговиот работен век.
Извор: Logicno.com