Гренланд е познат по глечерите, но во изминатиот месец островот се топи со невидена брзина, а регистрирани се и пожари.
Научниците не очекуваа дека Гренланд ќе се топи со ова темпо уште 50 години. До последната недела од јули, топењето го достигна нивото предвидено од климатските модели за 2070 година и тоа по најпесимистичко сценарио, објави Science Alert.
Ледената плоча на Гренланд изгуби 12,5 милијарди тони мраз на 1 август, најмногу за еден ден откако истражувачи започнаа со мерење на топењето на мразот во 1950 година, објави Washington Post.
Драматичното топење сугерира дека ледениот покривач на Гренланд се приближува до пресврт што може неповратно да доведе до целосно исчезнување.
Сезоната на топење на мразот на Арктикот започнува секоја година во јуни и завршува во август, со врв на топење регистриран во јули.
Сепак, брзината на топење на мразот во Гренланд оваа година ги надмина рекордите.
Од 30 јули до 3 август, топењето е забележано на 90 проценти од површината на Гренланд со 55 милијарди тони вода испуштена во текот на пет дена.
Слично натпросечно топење е регистрирано во Швајцарија, глечерите изгубиле 800 милиони тони мраз таму за време на топлотните бранови во јуни и јули.
Алјаска, исто така, во јули забележа рекордно топење на мразот.
Поврзани артикли