Twitter вложува дополнителни напори до детектирање и филтрирање на непознати директни пораки. Социјалната мрежа објави дека тестира филтер за пораки кои имаат навредливи содржини. Пораките, кои имаат потенцијално навредливи содржини ќе се складираат во фолдерот “additional messages”, а корисниците можат да изберат ваквите пораки да ги видат засебно.
Популарниот сајт за микроблогирање во текот на оваа година направи доста напори да ја искористи технологијата да ги означи нападните и навредливи твитови, без потреба од човечка интервенција. Иако ваквата политика со асистираните алгоритми функционира, често се случува да бидат обележани лажни позитивни резултати, и да се пропуштаат проблематични твитови. Twitter исто така ја тестираше функцијата на “криење на одговори” и ја олесни пријавата на навредливи твитови.
Unwanted messages aren’t fun. So we’re testing a filter in your DM requests to keep those out of sight, out of mind. pic.twitter.com/Sg5idjdeVv
— Twitter Support (@TwitterSupport) August 15, 2019
Во најновиот филтер на содржини, првите неколку редови на сомнителни пораки ќе бидат скриени и заменети со линијата: “Оваа порака е скриена бидејќи може да содржи навредлива содржина”. Корисникот потоа може да избере или да ја прегледа или да ја избрише пораката.
Поврзани артикли