Од идната година сопствениците на автомобили што најмногу загадуваат нема да може да возат во центарот на Букурешт, а посетители со автомобили од провинција ќе мора да плаќаат дневен билет за да возат низ градот.
Овие две радикални мерки ги објави градоначалникот Габриела Фирја и по 45 денови јавни дискусии ќе бидат на гласање во општинскиот совет.
На автомобили од провинција со сертификат до Евро2 целосно им се забранува да влезат во Букурешт. Сопствениците на автомобили со Евро3 ќе може да возат низ центарот со купување вињетка што чини 15 евра за еден месец.
Градоначалникот на Букурешт бара сите автомобили регистрирани на друго место да купуваат вињетка со цена од 2,1 евро за ден или 402 евра за година.
Мерките се преземаат заради загадувањето на Букурешт каде веќе има над 1.6 милиони автомобили. Во градот има над 120.000 автомобили со сертификат до Евро2 и уште 213.000 со Евро3. Според анкети мерките ги поддржуваат 56 отсто граѓани додека само 25 отсто сметаат дека се популистички или несоодветни.
Поврзани артикли