Ако сте заинтересирани за необични места и локации на кои освен што би сакале да престојувате, би сакале да бидат и во ваша сопственост, сега имате можност за прилично разумна сума да добиете нешто такво. За 50.000 фунти можете да си купите стар неактивен вулкан.
Станува збор за вулкан стар 250 милиони години, лоцирана во местото Девон, Англија. Тоа е античка геолошка творба која се наоѓа веднаш до малата населба наречена Посбери. И покрај нејзината мала големина, заедницата е окупирана тука уште од железното време и долго време го искористуваше каменоломот од кој се ведел базалтен камен.
Самиот вулкан е познат како Posbury Clump, бидејќи лежи под густа шума. Областа е исто така назначена како „Мапа од посебен научен интерес“ затоа што сè уште тука може да најдат знаци на лава богата со калиум што датира уште од периодот на Пермискиот период, кога диносаурусите штотуку почнувале да се појавуваат на нашата планета.