Летото е најдобро време за долго патување и уживање во работи кои ги менуваат животите кои се вообичаено ограничени со вашиот деловен простор. И кога сте опкружени со сонце, убави места и вкусна храна, сигурно сакате да ги зачувате овие моменти во прекрасни слики. Покрај среќа и задоволство, овие фотографии сега можат да ви донесат многу повеќе – ако се одлучите да влезете во Huawei InFocus Awards регионалниот натпревар за мобилна фотографија и видеа.
Сепак, за да имате шанса да ја освоите грандиозната награда, вашите фотографии треба да се издвојат за да го импресионираат жирито. Ако не сте сигурни како да го сторите тоа – не грижете се. Како и секогаш, Huawei е подготвен да им помогне на своите корисници, овој пат со помош на споделеното искуство на Кристијан Даулинг. Покрај тоа што е еден од најактуелните фотографи во светот во последните неколку години, Кристијан е меѓународен амбасадор на Leica, кој неодамна се врати од долго патување во Африка.
Еве што споделува тој врз основа на своето искуство: „Најдобрите портрети го презентираат моделот на природен, емотивен и често драматичен начин. Во фотографијата со портрети, светлината и сенките се секогаш многу важни. Можноста за комуникација е исто така многу важна во оваа област на фотографија. Важно е моделот да разбере дека она што го сакате е да создадете најдобра можна слика што ќе биде прикажана на квалитетен начин. Способноста да ги направите вашите модели да се чувствуваат сигурни не само во себе, туку и во вас како фотограф, е клучна за создавање прекрасни портрети.
Со помош на модерната мобилна технологија имаме можност да фатиме дури и многу оддалечени објекти кои што ќе изгледаат како да сме пред нив. Huawei P30 Pro е ненадминат во овој поглед. Со неговиот 5x оптички, 10x хибриден и 50x дигитален зум, дури и месечината не е недостижна. Комбинирајќи ги овие одлични одлики со автоматскиот стабилизатор на слика, добивате совршен еквивалент на професионални камери што секогаш можете да ги носите во вашиот џеб.
Она што треба да го знаете е дека како што се приближувате до максималниот зум од 50x, сликата ќе стане доста нестабилна. Во оваа ситуација, ќе ви треба мирна рака и голема вештина. Преносен статив е добро решение за овој проблем, но не секогаш ќе можете да го носите со себе.
Ноќната фотографија е вистинска уметност сама по себе. Ова е точно областа што ги разликува најдобрите од добрите фотографи. Ако снимате при слаба осветлина и немате статив, добра е идејата да избегнете мала брзина на блендата на фотоапаратот. Ова обезбедува стабилност и отсуство на нејасни елементи на сликата.
„Бев во ситуација кога снимав стадо слонови за време на ноќно сафари. Светлината беше многу незгодна, но благодарение на режимот Про на камерата Huawei P30 Pro, успеав да фотографирам со висок квалитет и покрај сложените околности. Ако снимате во тотална темнина или сакате да фатите одреден елемент на позадината на неонското осветлување, тогаш ноќниот режим со HDR камера е совршено решение бидејќи сликите ќе бидат толку јасни што ќе видите детали што претходно не сте ги забележале со свои очи! Ова е навистина уникатна карактеристика што дури и професионалните камери ја немаат“, објаснува Даулинг.
Тој додава дека снимањето на светла сончева светлина би можело да биде и многу комплициран напор. Некои фотографи дури и избегнуват снимање на пладне, и избираат само изгрејсонце и зајдисонце, но не можете секогаш да си го дозволите тој луксуз.
„Ако сонцето е надвор од кадарот, можете само да ги затворите леќите онака како што би сториле со очите. Инаку, режимот HDR на Huawei P30 Pro е повторно одлично решение бидејќи му дава јасност и обем на сликата. Благодарение на широкиот опсег на режимите P30 Pro, може да имате квалитетни снимки во секоја ситуација – нешто што не можам да го кажам за повеќето професионални фотоапарати “, вели познатиот фотограф.
Станете најдобри
Ако споделеното искуство на Кристијан Даулинг ви е корисно и сте подготвени да ја доставите вашата фотографија за наградите „Huawei InFocus“ – имате неколку дена да го сторите тоа. Крајниот рок е 11 август. Пријавите се доставуваат на официјалната веб-страница на конкурсот.
Натпреварот има вкупно 6 категории. 5 од нив се посветени на мобилна фотографија – #Emotion Tag, Hello, Life!, Faces, Going the distance, Storyboard и едно на мобилно видео – Life Now, во кое видеата се ограничени на 30 секунди.
Големиот добитник на натпреварот ќе добие модерен лаптоп Huawei MateBook 13, паметен часовник Watch GT и 10.000 евра, како и ваучер за 250 долари за Trip Advisor.
Победниците во секоја категорија ќе добијат Huawei MateBook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro, 2000 евра и ваучер на Trip Advisor од 250 долари. Второпласираниот во финалето во секоја категорија ќе добие Huawei P30 Pro, а третопласираниот Huawei P30.
Добитникот на наградата Публика ќе ги добие Watch GT и Huawei P30 Pro.