Всушност, станува збор за хибрид помеѓу скејтборд и електричен тротинет
Решението на Audi за проблемите со мобилноста во голем град е возило чија платформа потсетува на скејтборд со четири тркала, додека управувачкиот систем е сличен на оној на електричните тротинети. Германскиот бренд наведува дека нивното возило ќе може да патува 20 km со едно полнење и ќе може да се движи со најголема брзина од 20 km/h. Тежината треба да биде 12 килограми.
Производството е предвидено да започне следната година, при што германскиот бренд планира ова „чудо“ да го продава за 2.000 евра. Освен директна продажба, секој нов е-tron клиент ќе добие на подарок по еден ваков електричен скејтборд.
Е сега, се убаво, но се чини дека Audi не е свесен за цените на сличните производи на пазарот. Не се знае од какви материјали ќе се изработи малото Audi, но слични електрични беспилотни летала со скоро исти спецификации кога станува збор за автономија на движење и максимална брзина се продаваат за околу 350 евра.
Со оглед на цената, се чини дека овој производ на пазарот, тешко дека ќе пројде. Но, да почекаме и да видиме.