Астроном од Тексас успеа да сними глетка која ретко се забележува, експлозија во горните слоеви на атмосферата на Јупитер. Станува збор за удар од метеор снимен на 7 август.

„Ноќеска го снимав Јупитер. Ова многу потсетува на блесок што се случува при удар“, напиша астрономот Итан Чапел на Twitter. „Го насочив телескопот кон небото и гледав во ѕвездите кога тоа се случи, така што не го ни забележав блесокот. Експлозијата ја забележав по обработката на снимката во софтеворт Detect, кој е посебно дизајниран за пронаоѓање такви блесоци“, објаснува тој.

Постои можност ударот да има оставено траги на Јупитер кои подоцна ќе можат да бидат анализирани со други инструменти, пишува Science Alert. Очигледно е дека метеорот бил доволно голем за ваков настан да биде сниман од Земјата.

„Станува збор за брз настан, сето тоа трае само неколку секунди. Можеби не би ги забележале со телескоп. Често вакви настани минуваат незабележано, а половина од нив се случуваат на другата страна на планетата, вели астрономот Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија.