Apple продолжува да води на глобалниот пазар на таблети, со удел од 38,1 процент во вториот квартал, пренесува Digital.bg
Испораките на iPads достигнаа 12,3 милиони единици, што претставува зголемување од 6,1 процент во однос на претходната година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ).
Samsung е на второто место со удел од 15,2 проценти од пазарот, а потоа следува Huawei со 10,3 проценти.
Amazon, кој се фокусира на поевтините уреди, забележа раст од 46,3 проценти во второто тримесечје, заземајќи го четвртото место со 7,4 проценти удел на пазарот.
Lenovo ги заокружува првите пет компании со 5,8 проценти удел на пазарот, иако нејзините пратки паднаа за 6,9 проценти оваа година. Сепак, компаниајта постигна стабилен раст во САД, Западна Европа и Јапонија, пренесува Xinhua.
Поврзани артикли