Samsung минатата година го објави Galaxy Book2, со платформата Windows, а компанијата сега ќе додаде уште еден уред во оваа линија – Galaxy Book S.
Рендерите, кои се чини дека се официјални, го покажуваат дизајнот на Samsung Galaxy Book S и беа овозможени од доверливиот репортер @evleaks.
За разлика од Galaxy Book2, кој беше уред 2-во-1, Book S е вистински лаптоп, со приврзана тастатура. Екранот има тенки рамки од три страни, а има и камера за видео повик над екранот.
Рендерите откриваат и една USB-C порта од левата страна на лаптопот, а има и друга порта што би можела да биде приклучок за слушалки или за напојување.
Уредот на Samsung, за кој се вели дека е Galaxy Book S, претходно бил забележан на Geekbench со софтвер Windows 10, чипсет Snapdragon 855 и 8 GB RAM меморија.
Поврзани артикли