Современите технологии имаат потенцијал наскоро да предизвикаат импресивна револуција во контактните леќи. Ова се должи на уникатен проект на тим на универзитети од Калифорнија, каде професионалците се блиску до реализирање на интересен футуристички концепт, пишува Digital.bg
Всушност, научниците откриваат како да развијат контактна леќа способна за зумирање на различни предмети кога им е дадена одредена команда од корисниците, објави CNet.
Уникатниот прототип одговара на движењата на очите. Во пракса, ова значи дека доколку трепнете двапати, ќе започнете да зумирате. За да се претвори атрактивната идеја во реалност, развиен е алгоритам кој ги мери електро-окулографските сигнали генерирани од специфични движења на очите.
На крајот на краиштата, леќите на научниците можат да ја променат својата фокусна должина врз основа на видот на сигналите што ќе ги примаат.