PlayStation 4 на Sony продаде 100 милиони единици, со што стана најбрзопродавана конзола што го достигнала тој број. Во својот последен извештај за заработка, Sony откри дека продала 3,2 милиони ПС4 помеѓу 31 март и 30 јуни, откако објави дека во претходниот квартал продале 96,8 милиони единици. Тоа значи дека компанијата ја достигна цифрата од 100 милиони за 5 години и седум месеци, што е два месеци побрзо од Wii на Nintendo.
Sony исто така откри дека за прв пат, луѓето купуваат повеќе игри преку дигитални преземања отколку физички дискови, означувајќи го трендот што трае веќе некое време.
И покрај своето полудецениско постоење, продажбата на PS4 никогаш не била намалена се до неодамна, па така продадени се 17,8 милиони минатата година, што е намалување од само 1,2 милиони во споредба со 2017 година. Но, продажбата видно се намали во минатиот квартал, а Sony предупреди дека очекува продажба од 2019 да биде помала отколку што првично прогнозираше во минатиот квартал. Треба да се очекува бавно oпаѓање на продажбата на PS4, имајќи предвид дека следната генерација PS5 на Sony треба да пристигне во есента 2020 година, со поддршка за ray-tracing 8K, складирање на SSD и компатибилност со PS4.
Поврзани артикли