Лансирањето големи структури создадени од човекот во вселената претставува голем предизвик. Но, технологијата на 3Д-печатење може да го направи производството во вселената многу попрактично преку поместување на целиот процес во областите каде што речиси и нема гравитација.
НАСА штотуку склучи договор вреден 73,3 милиони долари со компанијата „Мејд ин спејс“ (Направено во вселената) за да печати делови од вселенски летала во орбитата користејќи мал вселенски брод наречен „Аркинот Уан“. Направата ќе се обиде да испечати два носачи кои на крајот би биле користени за да држат соларни строеви.
„Аркинот Уан“ треба да биде лансиран на ракета од Нов Зеланд не порано од 2022 година.
Овие вести всушност се почеток на втората фаза од партнерството на НАСА со „Мејд ин спејс“, компанија која веќе успешно испечати структурен носач во објект на НАСА каде што се имитираат условите во вселената.
Но, реалната орбита без сомнение ќе биде посебен предизвик.
Поврзани артикли