Студениот и ветровит Уран не е видлив со голо око, дури и ако е третата по големина планета во нашиот Сончев систем и четиристотини пати поголема од Земјата! Уран бил премногу слаб дури и за древните цивилизации за да го регистрираат во своите историски записи.
Првото споменување на оваа планета е забележано во 1781 година од страна на Вилијам Хершел. Тој ги гледал ѕвездите со својот телескоп, успевајќи да ги забележи и оние кои биле десетпати потемни од видливите ѕвезди.
Хершел не бил сигурен дека гледа планета, затоа што отпвин сметал дека тоа е некоја ѕвезда или комета. По многу долг период, Британецот заклучува дека сепак станува збор за планета, откако успеал да ја утврди планетарната орбита на Уран.
Оската на Земјата има наклон од 23,5 степени, а оската на Уран е под агол од 98 степени. За разлика од повеќето планети кои е именувани по римските богови, (на пример, Марс е римскиот бог на војната), Уран, сепак, е именуван по грчкиот бог на небото. Тој бил татко на Сатурн.
Уран е единствената планета која е именувана по грчки бог. Овој необичен факт се однесува на тоа како латинските и грчките зборови биле толку тесно поврзани во главите на луѓето за време на ерата на просветителството кога Уран бил откриен. Се чини дека Јохан Боде, германскиот астроном кој е кум на Уран, можеби и не го сакал звукот на латинското име за таткото на Сатурн, Селус, па се решил за грчката верзија.
Старата теорија беше дека јадрата на Уран, Нептун, Сатурн и Јупитер се создадени со повлекување на мали пловечки објекти од вселената околу него. Но, постои причина да се верува дека Уран се судрил најмалку двапати. Ова значи дека можеби планетите, исто така, може да се создадат со силен судир. Ако погледнете во насока на Уран преку телескоп, ќе видите синкасто-зеленкаст диск. Бојата на планетата доаѓа од 2 проценти од гасот метан во неговата атмосфера, заедно со поголемиот дел од водород (83 проценти), како и хелиум (15 проценти). Метанот го прави со боја на аквамарин или син.