Одговорот е не баш. Сепак, не грижете се – постои решение што е доста едноставно.
Со „Андроид“ 5.0 пристигна и скриената опција наречена „Factory Reset Protection (FRP)“, што служи како дополнително ниво на заштита во случај некој да стигне до вашиот уред и да одлучи да го продаде. Ако некој фабрички го ресетира вашиот паметен телефон, тој при повторната инсталација на софтверот, ќе го праша за лозинката од последниот гугл-профил што бил активен на телефонот. Ако ги немате деталите, телефонот ќе остане заклучен.
Ако во било кој случај, фабрички го ресетирате телефонот што сакате да го продадете и не сте ја исклучиле опцијата, купувачот нема да може да го користи ако не ја напише вашата лозинка. Затоа, пред да го продадете телефонот, прво што треба да го направите е да ја исклучите оваа опција.
Ако имате „Самсунг Галакси“ одете во Settings > Lock screen > Screen lock type и изберете „None“. На „Хуавеј“ одете во Settings > Security & privacy > Screen lock & passwords > Disable lock screen password.
Следниот чекор е бришење на гугл-профилот од вашиот уред. Ако имате „Самсунг Галакси“ одете во Settings > Accounts and backup > Accounts и изберете го „Гугл“ и потоа отстранете го профилот со притискање на „Remove account“. Ако користите „Хуавеј“, одете во Settings > Users & accounts > Google и изберете „Remove“ на дното на екранот. Ако на телефонот имате повеќе гугл-профили, избришете ги сите.
Ако сте сопственик на „Самсунг Галакси“, советуваме да го избришете и вашиот самсунг-профил во Settings > Biometrics and security > Find My Mobile. Напишете ја лозинката, притиснете на вашиот профил на врвот и изберете More > Remove account.
Откако од телефонот ќе ги избришете сите профили и ќе ја исклучите заштитната опција, слободно продолжете со фабричко ресетирање како што претходно сте планирале.