Специјалистот смета дека F-35 Lightning II е далеку „покомпјутеризиран“, што го прави поранлив. Според него, американскиот ловец по аналогија со „паметниот“ телефон може да се покаже како бескорисна играчка или куп прескапо железо доколку „постојано не е приклучен на Apple Store и прави редовни надградби“.
„Производителот на ова летало може во секој момент да го блокира системот со чија помош функционира овој авион. Можностите на Су-57 и понатаму се под превезот на тајната, но мислам дека тој не е во толкава мера компјутеризиран како F-35 Lightning II “, тврди рускиот воен експерт чии зборови пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
Фролов, исто така, смета дека F-35 Lightning II има многу конструкциски недостатоци кои не постојат кај рускиот ловец. На пример, F-35 Lightning II носи убојни средства на надворешните носачи, со што се намалува неговата „невидливост“, пренесува порталот „Бог-рата“.
„F-35 е конструиран да биде универзален авион за сите три видови на американската војска – флотата, военото воздухопловство сили и Корпусот на морнаричката пешадија. Тоа значително влијаеше врз специфичноста на неговата конструкција, што севкупно земено не ги донесе саканите резултат“, заклучува Фролов.
F-35 е американски авион од петтата генерација. Неговото производство започна во 2006 година, а експлоатацијата во оперативните единици на военото воздухопловство во 2012 година. Се произведува во три верзии: стандардна верзија за военото воздухопловство на САД, верзија со скратено или вертикално полетување развиена за Корпусот на морнаричката пешадија, и палубна верзија за единиците на воената морнарица.
Извор: Russia Beyond