Холандските власти прибегнаа кон чуден метод за ладење на асфалтот во топлите денови што ја погодија Европа.
„Ние сипаме сол на улиците. Солта ја одзема влагата од воздухот и така го лади асфалтот“, објаснија од општината Утрехце Хевелург, која се наоѓа во источниот дел на земјата.
И општината Нордервелд преку „Твитер“ ги подготвува граѓаните на необичната слика на возила што сипуваат сол на улиците среде лето.
Со сипање сол, наводно, се спречува оштетување на асфалтот поради топлина.