Како се развива технологијата за препознавање на лицето, така чувството на несигурност кај граѓаните расте, а посебно во оние области каде што ваквиот начин на идентификација веќе се применува. Познато е дека секоја непријатност бара решение, и дека дизајнерката Ева Новак го понуди своето, кое би требало да го елиминира стравот од тоа дека некоја случајна камера на улица би можела во неколку секунди да го прочита идентитетот на поединците кои на лицето немаат соодветно парче накит.
Имено, се работи за ѓердан кој се носи преку лицето, и веќе тука настанува првиот проблем, бидејќи најголем број граѓани не сакаат внимание кое би го добиле со носење на таквиот вид заштита. Креаторката, сепак, тврди дека ѓерданот успешно ја блокира технологијата за препознавање на лицето, и тоа со помош на два златни круга кои висат од образите и површината која потсетува на правоаголник и која се поставува на средина од челото. Тешко дека било кој ќе одлучи овој накит да го носи секој ден, барем додека технологијата за препознавање на лице не почне да претставува поголема опасност, но секако се работи за егзотично решение, кое не помина незабележано.