Гејмерската услуга Stadia, која ја развива Google може да ги претвори паметните телефони Pixel во омилени гејминг уреди, тврдат аналитичари на пазарот.
Многу компании се обидуваат да промовираат cloud услуги за игри, но во повеќето случаи не успеваат. Претходно минатата година, Google го најави проектот Stream и подоцна го преименува во Stadia, а во март излегоа првите тестови за услугата.
Предноста на cloud игрите е дека се достапни на речиси секој уред. Самиот процес на пресметување се одвива на серверот, дозволувајќи им на гејмерите да играат со најдобри наслови дури и на релативно слаб компјутер, ако е способен да обработува брзо стриминг видео.
Според некои извори, Google планира да ја лансира услугата Stadia ексклузивно за своите уреди – смартфоните Pixel и лаптопите кои работат на Chrome OS, откако ќе ги претвори во целосно функционални уреди за игри.
Таквиот потег може да му помогне на Google да се израмни со Apple во продажбата на смартфони. Компанијата од Купертино нуди слична услуга – Apple Arcade, но само за аркадни игри без современи блокбастери.
Во случај Stadia да се нуди исклучиво за Pixel, според аналитичарите тиа значително ќе ја зголеми продажбата на смартфони од Google. Ако имаат можност да играат модерни игри на паметен телефон, многумина ќе се откажат од iPhone во корист на Pixel.