Американската војска има намера во 2020. година да тестира роботски борбени возила, пишува Engadget.
Војниците во две модифицирани Bradley Fighter Vehicles возила (MET-D) ќе управуваат со четири возила без екипаж и ќе анализираат како функционира системот во реални услови. Иако не се работи за борбена ситуација, американската војска се надева дека ќе добие податоци кои ќе ги откријат можните проблеми или пак ќе откријат различни начини на употреба.
Во секое MET-D возило ќе има по четири војника кои ќе контролираат две возила без екипаж. Овие возила ќе бидат опремени со митралези со калибар 7,62.
Тестирањата ќе се вржат во следните неколку години, а втората фаза ќе почне во вториот дел на 2021. година, кога осум лесни и средни роботски возила ќе се користат во маневрите со шест MET-D возила. Третата фаза ќе почне во 2023. година и ќе има ист број на возила, но ќе се прејде на средни и тешки роботи.
Ваквиот роботски систем би можел да понуди бројни предности за војската, односно да се намали ризикот на кој се изложуваат војниците, вклучувајќи го првиот контакт со непријателската сила. Со оглед на фактот дека немаат екипаж, возилата би можеле да превезуваат специјален товар и надградби. Луѓето нема во целост да ги заменат, бидејќи не се автономни возила, но би можеле да ги заштитат од опасност, се додека не бидат апсолутно потребни.