Проектот ги обединува технологијата, музиката и природата и е во чекор со заложбите на компанијата за користење на технологијата за добро.
Македонски Телеком своето традиционално и долгогодишно партнерство со „Охридско лето”, една од најголемите и најважни културни манифестации во земјава, оваа година го збогати со нов иновативен музички проект насловен како „Гласот на Охридското Езеро”.
Проектот ги обединува технологијата, музиката и природата и е во чекор со заложбите на компанијата за користење на технологијата за добро, со намера да нѐ поттикне да се фокусираме на позитивните страни што ги носи технологијата, и за нејзино искористување за добри цели.
Во тој контекст, остварена е соработка со еден од најиновативните музички композитори во земјава, Џијан Емин, кој благодарение на неограничените можности на технологијата, успеа да ги сними звуците на Охридското Езеро. Станува збор за несекојдневен музички проект преку кој во реално време ќе може да се слушне Охридското Езеро, со сите негови специфичности и посебности, доловено преку посебната музика креирана од Џијан.
За неколку дена и официјално ќе биде функционална интернет страницата, каде што секој заинтересиран во живо ќе може да слушне какви звуци има езерото во длабочина, во различни временски услови (променливо, облачно или во сончеви периоди),.. каков е гласот на Охридското Езеро во туристички пикови и метеж на градските плажи, или колку е мирно и идилично во раните утрински часови.
Станува збор за уникатен музички проект, кој има за цел да нѐ потсети на убавините на Охридското Езеро, на неговото непроценливо значење и вредност, и исклучителната важност за негово зачувување.
Македонски Телеком со оваа активност ја пренесува пораката дека технологијата можеме да ја користиме за навистина корисни и пред сè значајни работи за граѓаните, но и за целото општество, а со овој проект нè поттикнува да станеме свесни за вредноста на нашите природни и културни богатства кои треба да ги зачуваме за генерациите што доаѓаат.