Кинескиот стартап Megvii креираше софтвер со вештачка интелигенција којшто може да детектира изгубено куче со помош на отпечаток од неговиот нос. Програмата е „тренирана“ да распознава различни отпечатоци на носот од миленичињата, слично како што се пронаоѓаат луѓе преку отпечаток од прст, пишува The Verge.
Со помош на апликацијата, изгубеното куче може да се најде преку едноставно скенирање со телефонска камера. На сличен начин телефоните ги регистрираат отпечатоците од прсти за биометриско отклучување, а овој пат апликацијата бара да го фотографирате носот на кучето од различни агли.
Според Megvii, апликацијата е точна во 95% од случаите и досега среќно вратила 15.000 миленичиња на своите сопственици. Но, освен за пронаоѓање на кучиња во Кина, апликацијата ќе се користи и за детектирање на „лошо чување“ на миленици. Оние корисници кои нема да собираат по нивните кучиња или ќе ги шетаат без ланец ќе бидат казнети.