Сајтот LetsGoDigital известува дека Huawei го заштитил името за новиот оперативен систем под името Harmony, кај EUIPO (European Union Intellectual Property Office) со датум од 12. јули.
Компанијата претходно го заштити трејдмаркот за HongMeng OS во Кина, но ова на крајот се испостави дека е наменето за Internet of Thing уредите.
Мобилниот оперативен систем на Huawei би можел да биде подготврн за објава до крајот на годината за корисниците во Кина, истакна Yu Chengdong – CEO на компанијата Huawei. Глобалната објава на платформата би можела да следува во текот на првото тримесечје на 2020. година.
Оперативниот систем е пофален со бројните интевјуа на официјалните лица на компанијата, кои истакаа и дека оперативниот систем е за 60 проценти побрз од Android. Пријавата за заштита на името е можно да се види ТУКА.
Поврзани артикли