Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстајн, пред новинарите објаснил зошто астронаутите на САД никогаш повеќе не зачекориле на Месечината по 1969 година. Брајденстајн тврди дека за таквите мисии едноставно немало доволно пари.
„Сето тоа е поврзано со политичките ризици“, објаснил Брајденстајн и додал дека следствено на тоа дошло и до намалување на финансирањето.
„Да ги немаше тие политички ризици, ние денеска веќе ќе бевме на Месечината, ќе бевме и на Марс“, нагласил директорот на НАСА.
Брајденстајн објаснил дека НАСА во 1990 година и на почетокот на 2000 година, се обидела да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двете програми барале долга подготовка и сериозни трошоци.