Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под мразот крие 470 езера, но најновите истражувања на американските и британските научници покажуаат дека ги има и во северно поларниот регион, пишуваат британските медиуми.
Тие не се многу големи, како езерото Восток, кое се наоѓа на Јужниот пол и е долго 250 километри. Најголемо субглацијално езеро на Гренланд е долго само 6 километри, а новоотркиените езера се наоѓаат под мразот дебел неколку километри.
Притисокот и геотермалната топлина успеваат да ја одржат водата во течна агрегатна состојба, а водата настанала од топењето и се задржала во шуплините. Поради се повисоките температури, мразот се топи и се движи кон океаните, а водата му го олеснува движењето. Кога би се стопил целиот мраз на Гренланд, нивото на океанот би пораснало за 7 метри.
Според податоците на американските научници, под ледената плоча се наоѓа многу вода. За време на истражувањето, Џејд Боулинг, од Универзитетот во Ланкастер, воочила дека постојат 54 езера и дека, за разлика од оние антарктичките, групираниоколу внатрешните ледени делови, новите гренландски езера, во главно, се наоѓаат при крајот на ледениот покривач, кој е стабилен и бавно се движи.
Поврзани артикли