Светски научници предупредуваат на опасноста од силната ерупциа на вулканот Болшаја Удина на Камчатка кој може да предизвика огромна катастрофа во Русија и пошироко. Загриженоста на научниците стигнува по последните добиени податоци од сеизмолошките станици поставени покрај вулканот.
Експертите предупредуваат дека потресите од есента 2017 година, се сè позачестени и нивната сила константно расте. Од мај до јули 2018 година, во овој регион, регистрирани се 559 земјотреси. Во февруари годинава регистиран е земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер. Тоа е најголемиот регистриран земјотрес во тој дел.
Шефот на лабораторијата за сеизмичка томографска на Рускиот институт за геологија и геофизика на нафта, кој работи и во Руската академија на науки, академик Иван Кулаков, смета дека ако дојде до ерупцијата на вулканот, најверојатно тоа ќе биде од експлозивен тип.
„Кога вулканот мирува долго време, неговата прва експлозија е катастрофална. Огромната количина на пепел завршува во воздухот, а тоа може да биде погубно не само за околните подрачја, туку и за светот“, изјавил Кулаков.
„Сетете се на Помпеја. Античката римска населба била избришана од картата со ерупција на Везув, кој бил заспан илјадници години претходно. Градот бил затрупан во повеќе од 10 метри пепел и се смета дека повеќето од нејзините жители биле убиени во катастрофата“, завршил Кулаков.
Еспертите велат дека ќе продолжат со внимателно набљудување на вулканот Болшаја Удина и ќе користат различни пристапи за проучување на регионот.