Илјадници корисници ширум светот не можеа да се вклучат на „Твитер“. Од компанијата првично наведоа дека ги испитуваат можните причините поради кои корисниците не можат да пристапат до платформата, а подоцна соопштија дека проблемот настанал поради промена на внатрешната конфигурација.
„Прекинот се должи на промена на внатрешната конфигурација, која сега ја решаваме. Некои луѓе повторно ќе можат да пристапат до ‘Твитер’. Работиме на тоа ‘Твитер’ да биде достапен за сите што е можно побрзо“, соопштија од компанијата.
Според податоците на Downdetector.com близу 70.000 корисници пријавиле дека не можеле да се логираат.
Откако корисниците почнале да објавуваат дека имаат проблеми со пристапот до платформата, акциите на „Твитер“ паднале.