Во новото истражување на пазарот на Bluetooth SIG Association, може да се дознаат интересни информации за некои од секторите каде што се користи безжичната технологија и посебно за пренос на звук. Според истражувањето, девет од 10 звучници ќе имаат Bluetooth конекција во 2023 година, а 50% од моментално достапните слушалки веќе ја користат технологијата. Главниот директор за маркетинг на SIG, Чак Сеибин, сподели и други интересни информации за Android Authority.
Според него, можеме да очекуваме сериозен развој во смисла на поддршка на висококвалитетно аудио кое се пренесува преку Bluetooth. Наскоро ќе биде објавена нова аудио архитектура, чии детали се уште се во процес на финализирање. Таа ќе поддржува поефикасни кодеци, кои се предуслов за висок квалитет, како и значително помала латентност – до степен до кој не е забележлив.
Архитектурата ќе поддржува широк спектар на нови функционалности за различни уреди. Тие вклучуваат „true wireless“ технологија за целосно безжични слушалки, мулти-канален звук кај звучниците и можност за поврзување со надворешни извори на сигнали. За жал, овие иновации ќе бидат достапни само на идните уреди, откако ќе има одреден степен на обратна компатибилност помеѓу стандардите. Очекувањата се дека првите производи со новата архитектура ќе се појават некаде следната година.