Microsoft во текот на извесен период го навестуваше Windows 1, за кој се претпоставуваше дека е поврза со третата сезона на серијата Stranger Things на Netflix. Ова е неодамна и потврдено, а Microsoft го објави Windows 1.11, кој е достапен во Microsoft Store.
Во описот на апликацијата стои: “Искусете ја носталгијата од 1985. година со специјалната верзија на Windows 10 PC апликација, инспирирана од Windows 1.0 – но оној кој го запоседна Upside Down од серијата Stranger Things. Истражувајте ги мистериите и тајните кои го засегаат Hawkins, отклучувахте нови содржини и специјални работи, и играјте ретро игри и загатки”.
За разлика од Windows 1, кој можеше да го собере на неколку флопи дискети, Windows 1.11 зазема 775 MB и моментно е достапен за преземање само во САД.
Поврзани артикли